Кога продавницата ти порачува дека треба да ставиш крај на мрзеливоста: Купила тренерка на Интернет, а еве што добила

Кога продавницата ти порачува дека треба да ставиш крај на мрзеливоста: Купила тренерка на Интернет, а еве што добила

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Вакви ситуации се случуваат и повеќе не се толку чудни, но секогаш се забавни...

Луѓето сакаат да ги споделуваат своите приказни на социјалните мрежи кога ќе купат нешто на Интернет, а ќе добијат сосема поинакво нешто. Ова се случило повеќе пати, а најдобри се токму ваквите случаи кога сѐ оди во погрешна насока.

За среќа повеќето онлајн продавници имаат бесплатно враќање. Многу пати се случува да нарачаме нешто, а она што ќе го добиеме да не ги задоволи нашите очекувања. Оваа девојка ја сподели својата приказна, бидејќи она што го нарачала и она што го добила не се две сосема различни рбаоти, туку се сосема различна категорија. Она што таа го сакала е светлорозова тренерка, идеална за по дома во овие зимски месеци. Меѓутоа, кога ѝ стигнал пакетот и кога го отворила, имала што да види, а нејзината реакција на крајот од видеото кажува сѐ.

@bellapoarch

The last one was kinda hard what’s your pick?

Jalebi Baby - Official - Tesher & Jason Derulo

Наместо тренерка, добила свечен црн фустан. Дали онлајн продавницата сакала нешто да ѝ порача? Дека наместо да лежи дома, треба да излезе надвор? Во време кога има намалување и многу луѓе нарачуваат одеднаш, лесно се случува нарачките да се измешаат и наместо она што го имате порачано, да добиете нешто што нарачала некоја друга личност. Најверојатно тоа се случило и сега. Најдобро од сѐ е тоа што и фустанот што ѝ стигнал наместо тренерката е нејзин број и ѝ стои добро. Сеедно, девојката воопшто не е импресионирана. Луѓето во коментари се забавуваат на нејзина сметка, а поголемиот дел од коментарите се во стилот дека продавницата ѝ порачува да не биде мрзелива, туку да одат надвор. 


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: