Кога сакаш да го избегнеш поранешното момче: Камерите ја забележаа непријатната средба меѓу Ванеса Хаџенс и Остин Батлер (ВИДЕО)
Додека Ванеса апсолутно го игнорираше Остин, тој реагираше малку поинаку...
Иако не мора секогаш да биде така, но многу луѓе чувствуваат одредена непријатност кога ќе се сретнат со своите поранешни партнери или се обидуваат да направат сѐ за да не мора да се сретнат со нив.
Една таква непријатна ситуација забележија камерите на забавата по доделувањето на Оскарите.
Во јавноста се појави видео од блиската средба на Ванеса Хаџенс и Остин Батлер на „Vanity Fair“.
Во обидот да избегне да им се сретнат погледите, Ванеса гледаше во својот мобилен телефон.
Во тоа време Батлер стои покрај Шерон Стоун и им позира на папараците на влезот од зградата. Но, изгледа дека ѕвездата од „Елвис“ ја забележа поранешната девојка. Кога ја здогледа Ванеса, ја следеше со својот поглед додека таа брзо поминуваше покрај нив за да не мора да разменат збор.
„Тој ја погледна, таа не. Обожавам да го гледам тоа. Каква драма“ - гласи еден од илјадниците коментари.
„Тој изгледа како да е повреден“ - заклучи една корисничка на Инстаграм.
Ванеса и Остин во врска беа 10 години, од 2011 до 2020 година. Тој сега е во врска со Каја Гербер, а таа е верена за ѕвездата на МЛБ, Кол Такер.
фото: Принтскрин / Инстаграм