Кога се родила, на мајка ѝ ѝ рекле да ја остави: Чудесната приказна за манекенката за која се мислело дека никогаш нема да оди и да зборува
Иако прогнозите на докторот не биле добри, родителите на оваа девојка биле упорни и полни со љубов, а денес таа води исполнет и успешен живот
Името Ели Голдстајн можеби нема да ви значи многу ако не ја следите модата многу внимателно. Ако сте секогаш во тек со новостите од модната индустрија, сигурно сте слушнале за оваа девојка, која е првата манекенка со Даунов синдром која учествувала во големите меѓународни рекламни кампањи.
Ели денес има 21 година и неодамна ги доби клучевите од својот прв дом кој си го заработи сама, избирајќи прекрасен имот во Есекс, во заштитена област.
Таа успеа благодарение на многу успешната кариера, во текот на која позираше за насловните страници на многу престижни списанија, меѓу кои и „Vogue“ во мај, а беше дел и од бројни промотивни кампањи на познати брендови.
Иако ова е огромен успех за секој кој се занимава со манекенство, приказната на Ела е посебна бидејќи таа е млада жена која ги победи сите шанси. Не само што успеа да стане првата девојка со Даунов синдром на големата сцена - нејзиното најголемо достигнување е што ги надмина очекувањата на лекарите кои се грижат за нејзиното здравје.
Животната приказна на Ели Голдстајн
Кога Ели се роди во декември 2001 година во Илфорд, Есекс, медицинскиот персонал беше многу песимист за нејзината иднина и здравје.
На нејзините родители им било кажано дека Ели „никогаш нема да оди и да зборува“, а медицинската сестра им предложила „само да ја остават“ во болница.
Се чинеше дека само чудо може да ја спаси, и тоа се случи.
Ели напиша автобиографија „И покрај сите околности“, во која истакна колку е горда на сето она што го постигнала.
- Јас сум модел, автор, студент и сопственик на имот. Тоа би сакала да ѝ го кажам на докторката која рече дека никогаш нема да одам и зборувам – напиша таа.
Почнала да се занимава со манекенство на 15 години, а оттогаш рекламирала за многу модни куќи и технолошка компанија. Во ноември 2019 година беше дел од кампањата на италијанскиот бренд „Гучи“, а оттогаш неколкупати соработуваше со куќата. Досега на работа ги посети Италија, Шведска и Германија, а прошета и по пистата на модната недела во Лондон. Како што истакнала, на снимањето ја „третираат како принцеза“, а ја промовирала и првата кукла Барби со Даунов синдром.
- Работев многу и го сакам тоа - среќна е Ели. - Уживав во промовирањето на Барби. Беше одлично што конечно видов кукла што личеше на мене!
Извор: glossy.espreso.co.rs