Кoга се жени најстариот син на Бекамови сè мора да биде совршено: Идниот свекор откри каков костум ќе носи на венчавката
Сè е подготвено!
Бруклин Бекам (23), најстариот син на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (46) и дизајнерката Викторија Бекам (47), на 9 април годинава ќе се ожени со својата свршеница Никола Пелц (27).
На својот Инстаграм профил Дејвид сподели фотографија на која се гледа костумот со кој ќе оди на венчавката на годината.
- Создавање посебни спомени. Плановите за венчавката се во тек, а родителите обучени и дотерани - напиша Дејвид Бекам со фотографија на која позира со својот татко и својот дедо.
Познато е и дека невестата ќе носи венчаница од дизајнерот Валентино, а Никол со својот стилист планира да го посети Рим за да испроба неколку модели, а ќе одбере два „бајковити“.
- Викторија Бекам го дизајнираше нејзиниот веренички фустан и целосно го поддржува тој избор. Веројатно истата вечер ќе се појави во модел дизајниран од Викорија - рекол изворот.
Венчавката ќе се одржи во вилата на милијардерот Нелсон Пелц (79), татко на невестата, во Палм Бич, Флорида. Вилата се наоѓа покрај море и има 27 соби. Познато е и дека меѓу гостите ќе бидат манекенката Џиџи Хадид (26), дизајнерката Никол Ричи (40), готвачот Гордон Ремзи (55) и други познати личности.
Иако се‘ уште многу малку се знае за венчавката, Бруклин и Никола открија на Денот на вљубените во видео за Vogue дека ќе носат „kippah“, мала рамна, црна или обоена капа што ја носат Евреите на традиционалните церемонии, па церемонијата ќе да се изведува според томскиот обред.
Двојката започна врска во 2019 година, а само една година подоцна, во јули 2020 година, ја објавија свршувачката и оттогаш интересот на јавноста за нив не престанува.
- Пред две недели ја прашав сродната душа дали сака да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобар сопруг и еден ден најдобар татко – објави тогаш Бруклин.
Фото: Инстаграм