Кои се дечките што се сретнаа со познатиот Gary Vaynerchuk?
На социјалните мрежи кружи слика од двајца македонци сликани со познатиот инфлуенсер Gary Vaynerchuk.
За оние кои не го познаваат, Gary V. е главен извршен директор на VaynerMedia, маркетинг агенција со над 1,000 вработени. Автор на повеќе бестселери на тема бизнис и претприемништво.
Неговата публика на сите социјални медиуми брои повеќе од 50 милиони следбеници.
Кои се македонците кои успеаа да се сретнат со него?
Се работи за двајца претприемачи од Скопје, Никола Соколов (лево) и Борис Соколов (онлајн). Браќата се ко-основачи на Influencers Club, фирма која за помалку од 3 години успеа да изгради тим од над 40 вработени без надворешна инвестиција.
Никола Соколов (29), дипломиран на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство при УКИМ рано во својата програмерска кариера го забележал својот претприемнички дух.
Во 2017 година се придружува на мала фирма од Сан Франциско каде 2 години работи како маркетер. Стекнатото искуство го користи за започнување на свои проекти:
Dexter.mk - платформа за едукација на студенти од ФИНКИ.
Buzz - друштвена мрежа со над 200 илјади месечни корисници од Балканот.
Influencers Club првично e алатка за растење број на следбеници на Инстаграм за подоцна да се ребрендира како алатка за наоѓање на креатори за инфлуенсер маркетинг (исто така нудат и бесплатна алатка која може да се види на следниот линк find social media creators).
Борис Соколов (26) дипломиран на ФИНКИ при УКИМ, е познат во македонската јавност по своите хумористични видеа на Инстаграм.
Во проектите што ги има започнато со својот постар брат ја врши улогата на главен задолжен за изградба и одржување на производот.
Influencers Club моментално е фокусиран на целосно нова индустрија за креатори. Од почетокот на своето работење соработуваат со над 600 клиенти од целиот свет, меѓу кои и брендовите:
Linktree
Amazon
AliExpress
Wix
Pearpop
MindValley
Состанокот со Gary Vaynerchuk е огромен успех за Influencers Club, но исто така означува и будење на нова генерација на домашни претприемачи кои успешно настапуваат светскиот пазар.