Кој беше најпопуларниот емотикон во 2021 година - бил испраќан нон-стоп: А ова се првите пет најкористени
Овој тренд постои со години.
Пишувањето пораки без емотикони е невозможна мисија за многумина и секогаш ги додаваме овие мали симболи на пораките за дополнително да нагласиме како се чувствуваме. Секоја година ги има сè повеќе, но сепак најмногу се користат најкласичните.
Сите користиме емотикони, нема исклучоци. Тие помагаат да се додаде дополнително значење на пораката што ја пишуваме и да се нагласи како се чувствуваме бидејќи другата страна сепак не може да нè види. Тие се многу корисни, а исто така се и забавни.
Кој е емотиконот кој најмногу се користи?
Четврта година по ред води емотиконот кој плаче и се смее! Воедно е најкористен и во 2021 година, пишува Метро.
Сигурно сте посегнале по него безброј пати во текот на годината. Секогаш го одбираме меѓу другите емотикони кога нешто ни е смешно. И се чини дека многу работи им биле смешни на луѓето оваа година штом сè уште е на прво место како најкористено.
Веднаш зад него, на второто место е црвено срце. Уште еден од најчестите емотикони, но дефинитивно класичен.
Иако моментално има дури 3663 емотикони, секогаш истите се на врвот како најкористените.На третото место е сличен на првиот, исто така емотикон кој „умира“ од смеење, но е малку навален на страна.
На четврто место е знак за лајк, а на петто е емоџи што плаче, со солзи кои течат како потоци.
Ова се првите 5 најкористени! Ниту еден од поновите емотикони или оние поврзани со коронавирусот, како што се микроби или инјекциите, не стигна до врвот на листата.