Кој е баба на оваа фотографија? Три генерации жени покрај добрата генетика делат и страст кон кревање тегови (ФОТО)
Кога Лесли тренира со внукот и ќерката, никој не може да поверува дека тие се во роднинска врска. Покрај тоа што оваа баба, нејзината ќерка и внуката делат убавина, тие три ја делат и страста за фитнес. Можете ли воопшто да погодите која од овие жени е најстара, а која најмлада?
Лесли Максвел, бодибилдер од Мелбурн, Австралија, обожава да оди во теретана со нејзината ќерка Ванеса Кристофи и внуката Теа Кристофи.
Лесли има 65 години и вели дека фитнесот е нејзината тајна за младешки изглед.
- Луѓето се шокирани кога ќе дознаат дека имам внука, бидејќи претпоставувам дека е малку невообичаено баба да прави мртво кревање и влечење во теретана. Сепак, би им препорачалa на жените од сите возрасти тренирање со тегови бидејќи има многу здравствени придобивки.
- Ги зајакнува нашите коски и ни помага да го тонираме телото со додавање мускули. Би сакалa да видам повеќе жени од сите возрасти како креваат тегови. Тоа е тренинг против стареење – објасни таа ѝ додаде:
- Обично вежбам четири тренинзи со тегови неделно, плус бидејќи сум тренер и во теретана повеќето денови, може да се каже дека вежбам странични тренинзи затоа што често кревам тегови кога ги тренирам моите клиенти.
- Луѓето секогаш се изненадуваат кога ќе дознаат дека всушност сме три различни генерации од исто семејство. Сепак, секогаш си поминуваме одлично заедно - разговараме, се смееме и тренираме. „Толку сум среќна што имам толку прекрасно семејство“, рече таа.
Тие често се фотографираат заедно, а и Лесли и нејзината ќерка Ванеса, која не ги открива своите години, обично ја позајмуваат облеката од 22-годишната Тиа.
- И јас сум многу среќна што можам да делам облека со ќерка ми и внука ми. Кога снимаме заедно, поголемиот дел од облеката доаѓа од гардеробата на Тиа. Таа сака да смислува стајлинг и да ни ги усогласува боите - додаде таа.
Кога Тиа и Лесли се во теретана, луѓето мислат дека таа е нејзината мајка.
- Се чудат кога ќе ги поправам и ќе им кажам дека ми е баба - рекла Тиа.
Тиа е заслужна што бабата ја направи ѕвезда на социјалните мрежи.
Содржината на Тиа го привлече вниманието на 500.000 следбеници на „ТикТок“, а таа се води од фактот дека вежбањето со мајка ѝ и баба ѝ ќе ја зајакне нивната врска, но и ќе инспирира некој што ги гледа нивните фотографии и видеа, пишува „Пост“.