Кој е Махир Мулалиќ, студентот кој победи во „Ѕвездите на Гранд“: Сакаше да напушти сѐ, а ова за него не сте го знаеле

Кој е Махир Мулалиќ, студентот кој победи во „Ѕвездите на Гранд“: Сакаше да напушти сѐ, а ова за него не сте го знаеле

Објавена во: Живот // Живот

Махир Мулалиќ ја однесе победата во „Ѕвездите на Гранд“, а ова не сте го знаеле за него!

Махир Мулалиќ е овогодинешниот победник на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ каде во финалето настапи под редниот број 13.

Младиот Мулалиќ од Грачаница освои автомобил, две песни и комплетен маркетинг од продукцијата, а во своето прво интервју по победата истакна дека победата ја посветил на неговата покојна мајка која почина во текот на неговото учество во натпреварувањето.

Махир беше подготвен да го напушти шоуто, а единствено на Марија Шерифовиќ, која му беше и менторка, ѝ успеа да го наговори да остане, а сега е откриено и нешто од неговиот приватен живот.

Махир Мулалиќ има 21 година и доаѓа од Грачаница.

Студент е на Машинскиот факултет и обожува да пее, а на фестивалот „Бања Лука“ освои прво место.

Покрај музиката, подеднакво го сака и спортот со кој се занимава во слободно време, а Махир додава дека карактерно е многу комуникативен, амбициозен и нетрпелив.

Махир во текот на натпреварувањето многумина го споредуваа со Мирза Селимовиќ, кој во текот на натпреварувањето му пружи поддршка, а победникот на овогодинешната сезона не крие дека и приватно ги сака и слуша неговите песни.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: