Кој е мајка, а кој ќерка на фотографијата: Живеат како сестри - си позајмуваат облека, имаат ист вкус за момци, дури и излегуваат заедно

Кој е мајка,  а кој ќерка на фотографијата: Живеат како сестри - си позајмуваат облека, имаат ист вкус за момци, дури и излегуваат заедно

Објавена во: Совети // Семејство

Нивниот живот за некој е чуден, но тие уживаат...

Џоли Дијаз (44) живее во Калифорнија и за неа се зборува дека е една од најзгодните мајки. Имено, таа е неверојатно младолика - толку што сите мислам дека ќерка ѝ ѝ е сестра.

„Млади мажи ме викаат на состаноци, но веднаш ги одбивам сите. Имам впечаток дека имаат создадено лажна слика за мене на основа на мојот Инстаграм профил“ - вели Џоли, која има полнолетна ќерка. Иако од сопругот се развела пред 14 години, Џоли не се откажува од мажите, па често оди на забави со ќерка ѝ.

фото: Profimedia

„Кога млади мажи ме викаат на состанок, ми е подеднакво ласкаво како кога тоа го прават и оние на моја возраст. Мислам дека е потребно да имате многу храбост за да пријдете на некој и да го поканите на состанок. Мислам дека младите мажи се склони кон фантазирање за тоа како е да излегуваат со постари жени, додека постарите мажи се прагматични“ - заклучува таа.

„За мене годините не се проблем, но сакам да најдам некој покрај кој ќе растам, ќе станам подобра. Не сакам да излегувам со некој кој сака само забава“.

фото: Profimedia

Џоли и нејзината ќерка често одат на „double“ состаноци:

„Кога сме и двете во врска, често одиме заедно со момчињата на куглање, планинарење или на плажа... Мелани постојано ме прашува за совети поврзани со љубовта и забавувањето. Ми се допаѓа тоа што ми верува!“

Џоли станала светска сензација кога нејзините фотографии стигнале до медиумите. Никој не можел да замисли една жена од 40 години може да изгледа како неа.

Но, покрај популарност Џоли сѐ уште не ја пронашла љубовта на својот живот: 

„Преферирам амбициозни, мотивирани мажи, полни со самодоверба... Тој мора да биде во состојба да допридонесе финансиски, но и емотивно. Мора да сака кучиња, бидејќи имам златен ретривер. Мора да биде отворен, но и физички активен. Тоа ми е важно“.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: