Кој е Омер Феди, наводното момче на Адисон Реј?
Досега сите на светот знаат дека Адисон Реј кариерата ја изгради на социјалната мрежа ТикТок, на која се приклучи во јули 2019 година. Од тогаш, нејзината кариера оди по нагорна линија: лансираше сопствен бренд за убавина, објави неколку музички синглови и го сними првиот филм кој наскоро ќе може да го гледаме. Оваа 20-годишна ѕвезда е блиска со познатите како Кортни Кардашијан, благодарение на која заплови во А-листата на познатите и на нејзината листа пријатели сега се и Травис Баркер, Меган Фокс и Машин Ган Кели.
Како што е обично случај со новите и популарни имиња, целиот свет е опседнат со нејзиниот љубовен живот. Беше во врска со ТикТокерот Брајс Хол во 2020 година, додека порано оваа година демантираше дека е во врска со Џек Харлоу.
Во последно време на Интернетот кружат гласините дека новиот избраник на ТикТокерката е црвенокосиот музичар Омер Феди. Благодарение на еден коментар на мајка ѝ Шери, обожавателите се убедени дека тој е нејзиниот нов избраник. Еве што знаеме за неа.
По потекло е од Тел Авив
Омер денес има 21 година, а во Лос Анџелес се преселил кога имал 16. Израснал со татко му, кој бил еден од најценетите израелски музичари, па така и самиот посакал да се занимава со музика. Тоа го сфатил откако го слушнал албумот на Red Hot Chilli Pappers, Blood Sugar Sex Magik.
„Сакам пријатели да ми бидат најголемите уметници на светот“ - своевремено кажа за MTV News.
Тој е талентиран музичар
Омар, самиот за себе вели дека „ Греми губитник“ , а досега работел со најголемите музички ѕвезди на денешницата. Џастин Бибер, Лил Нас Х, Ела Маи, Џангблад, Машин Ган Кели и Травис Баркер се само некои од имињата со кои остварил соработка. Популарноста ја доби работејќи на песната „Mood“, која ја изведуваат 24kGoldn и Иан Диор. Дури и настапуваше во емисијата „Saturday night live“, со Мајли Сајрус и Д Кид Ларои. Не е лошо за еден 20-годишник.
Мајката на Адисон го сака
Во јуни 2021 година, Омар и Адисон се видени на концертот на Машин Ган Кели, а потоа на уште неколку различни места во Лос Анџелес. Таа потоа објави видео на кое се гледаат сенки на две личности кои се бакнуваат, а многумина се посомневаа дека тоа се они.
Сево ова ги загреа гласините, кои тој ги потврди со едноставен коментар, кој ѝ го напиша под една од фотографиите на Иснтаграм - „Те сакам“.
И мајката на познатата инфлуенсерка, Шери е воодушевена од ова момче. На неговата објава таа напиша дека тој е прекрасна личност и дека неговата ќерка блеска поради него.
Покрај сево ова, Адисон и Омар и понатаму официјално ја немаат потврдено својата врска, но веруваме дека и тоа ќе се случи во скоро време.