Кој лик од серијата „Wednesday“ апсолутно одговара на твојот хороскопски знак?

Кој лик од серијата „Wednesday“ апсолутно одговара на твојот хороскопски знак?

Објавена во: Stars // Филм

Кој најмногу би се сложувал со веселиот Енид, а на кој Бјанка Баркли би му била сродна душа?

Серијата „Wednesday“ е апсолутен хит на Нетфликс.

Сите сакаат да танцуваат како Венсдеј, а можеме да кажеме дека главниот лик на серијата стана и новата модна икона, помеѓу готиците.

Натприродната комедија со елементи на хорор што ја следи тинејџерката, членовите на семејството Адамс и необичните ликови од академијата Невермор, го полуде светот.

Да видиме што вели хороскопот за ликовите од серијата? Чиј карактер целосно одговара на вашиот хороскопски знак?

# Овен - Бјанка Баркли

Веднша би се дружеле со Бјанка. Овните се првиот знак на Зодијакот, па исто како и во хороскопот, тие мора да бидат први во сѐ во животот. Малку ликови можат да да ѝ се спротивстават на Венсдеј, но Бјанка како вистински Овен сака да се натпреварува со својата жестока конкуренција.


# Бик - Пагсли Адамс

Биковите се најголемите гурмани во Зодијакот. Како што Пугсли се смирува со мали залаци храна, знаеме дека чоколадото може да ве смири подобро од било што друго. И покрај тоа што Венсдеј помалку го малтретира, Пагсли ја сака и е секогаш лојален. Токму такви се Биковите, до смрт се верни на членовите на своето семејство.


# Близнаци - Тинг

Со Близнаците владее Меркур, планетата на комуникацијата. И покрај тоа шот нема лице, Тинг е апсолутен победник во комуникацијата и изразувањето на она што го мисли. Исто како вистински Близнак, и Тинг совршено се снаоѓа во сите ситуација. Мораме ли да додадеме дека долгите прсти се неверојатно умешни во крадење, фалсификување и правење разни злодела, а во сето тоа ја препознаваме и палавата страна на Близнаците.

# Рак - Јуџин Отингер

Раковите се многу емотивни, па би можеле да се индентификуваат со најголемата душа од оваа серија. Јуџин е искрен, многу чувствителен и може да се каже дека е најгрижлив ученик. Во стилот на вистински Рак, тој ја зазема страна на оние што ги сака и се бори за нив. Што повеќе да се каже за ликот, за кого Венсдеј чува посебно место во своето црно срце.

@meistbp we love bee boy!! #eugeneottinger #eugeneotingeredit #wednesdayeugene #wednesdayaddams #wednesday #wednesdaynetflix #meistbp original sound - mei

# Лав - Гомез Адамс

Лавот, со неговиот владетел Сонцето, управува со работата на срцето, а ако некој во серијата се води од срцето, тоа е Гомез Адамс. Таткото на семејството Адамс не може да ѝ одолее на својата споруга Мортисија, а пламенот на таа страсна љубов гори уште од нивната младост и од академијата Невермор. Како и сите срдечни Лавови, Гомез ги поддржува своите деца во нивните интереси, па така ја одгледал и ќерката на која не ѝ недостасува самодоверба.

# Девица - Мерилин Торнхил

За Девиците сѐ мора да бдие уредено. Девиците се скромни, па најблизок лик до вас е скромната негативка Мерилин. Криењето на чувствата и контролата се силните страни на овој хороскопски знак, како и многу добро познатите техники на Мерилин за маестрално манипулирање со младиот Тајлер. И Девицата е поврзана со Меркур, планетата задолжена за комуникација и интелигенција, а Марилин размислува и повеќе од брзо и лукаво.

@sophiasedits.de #christinaricci #marilynthornhill #problem #edit #foryou Originalton - Sophias Edits

# Вага - Мортиција Адамс

Мортиција има шарм, социјални благодети и многу додворувачи. Вагите сакаат да одржуваат мир и хармонија по секоја цена, дури и по цена на лажење, па Мортиција го затемни и минатото на своето дете. Вагата владее со седмата куќа на партнерството, што точно ја карактеризира Мортиција, која целосно му се има посветено на својот сопруг. Освен тоа, никој не може да негира дека има чувство за мода, па можеме да кажеме, дека Вагите најдобро би се сложувале со неа.


# Шкорпија - Венсдеј Адамс

Шкорпиите се најмистериозниот знак на Зодијакот, опседнати со окултни теми, со детективски тенденции и мајсторски способности за одмазда. Секако дека таму го препознавате главниот лик Венсдеј Адамс. На вас сите ви се потенцијално сомнителни, а вие копате длабоко за да ја откриете вистината. Но, исто како и Венсдеј, вие сте чувствителни за оние за кои се грижите.

# Стрелец - Енид Синклер

Многу е веројатно дека кога ги гледавте епизодите од серијата, дека се имате идентификувано со Енид. Весел е и вечен оптимист, наоѓајќи добро во сѐ и секого. Енид со пастелните прамени во косата изгледа како најневиното суштество на планетата.

# Јарец - Лариса Вемс

Јарците владеат со 10-тата куќа во наталната карта која го претставува имиџот. Вемс е свесна за важноста на угледот на нејзиното училиште, па затоа не ѝ се непознати малите прикривања и разубавувања на вистината. Како што со Јарецот владее крутиот Сатурн, училот кој ни дава лекции и стандарди, така и Лариса ги поставува правилата и владее со академијата со цврст стап. Покрај сето тоа, секогаш успева да ја одржи фризурата. Со светло црвен кармин, на почетокот остава впечаток на сериозност, како и сите Јарци.


# Водолија - Чичко Фестер

Водолиите се осамени генијалци и аутсајдери во Зодијакот, па вие, драги Водолии, најдобро ќе се согласувате со чичко Фестер. Иако сите членови на семејството Адамс се посебни, овој е најпосебниот и често погрешно разбран. Водолијаат владее со технологијата, а Фестер има струја на дланките и како вистинка љубопитна Водолија, тој самиот истражува области за кои другите не можеле ни да замислат дека постојат.

# Риби - Ксавиер Торп

Рибите се најинтуитивниот знак на Зодијакот со чувство за уметност. Затоа, вашиот лик најмногу му одговара на Ксавиер Торп, уметникот и јасновидецот на Невермор. Малку нерасположено, но повторно со толку убава насмевка и способност да ја измназнува секоја драма што ќе му се појави.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: