Кој модел на џемпер најдобро ќе ти стои на обликот на телото?

Кој модел на џемпер најдобро ќе ти стои на обликот на телото?

Објавена во: Мода // Moj стил

За да би изгледала што подобро, кај бирањето облека е најдобар потег е да се водиш по тоа како парчето изгледа на твоето тело. Иако сите би сакале нешто да промениме на себе и да купуваме облека која не е за нашиот облик на тело, така само си правиме лошо.

Дури и ако не ти се допаѓа твојот облик на тело, мора да научиш да го прифатиш и да одбираш облека која е најдобар за такво тело. Не им стојат сите парчиња облека еднакво добро на сите, но не е можно ни ништо да не ти стои. Некогаш треба да му дадеш шанса и на она парче облека кое можеби вообичаено не би го погледнала. Кога ќе бараш вистинска облека за своето тело, веднаш ќе изгледаш и ќе се чувствуваш подобро. Па така, за секој постои еден модел на џемпер кој ќе му стои идеално, истакнувајќи го сето она што треба и сокривјаќи го она што не треба да се исткане. 

# Облик јаболка 

Девојките кои имаат тело во облик на јаболка се оние кои имаат тенки нозе, но се крупни во горниот дел од телото, без разлика дали имаат големи гради или нагласен стомак или и двете. Она што е важно за вас е да избегнувате тесни џемпери и модели кои имаат балон ракави. Тие ќе ги нагласат погрешните работи. Бирај едноставни модели кои немаат на себе многу детали. Добар избор се и џемперите кои се преклоп.

# Облик крушка

Ова е најчестиот облик на тело помеѓу девојките - тука припаѓаат оние девојки кои имаат помали гради и тесни рамена, а широки и нагласени колкови. Тие најчесто сакаат да го одвлечат вниманието од долниот дел на телото. Најдобар модел на џемпер за нив е оној кој ќе им го нагласи вратот, а во тоа ќе им помогнат џемпериоте со „V“ отвор или они отвори кои ги откриваат и рамената.

# Многу си висока

Девојките кои се изразено високи може да одберат прилично драматични облици и должини на џемпери. Можеби за нив најдобар избор се стандардните џемпер, оние кои не одат преку глава, туку оние кои повеќе личат на џемпер. Добар избор исто така се и пократките џемпери.

# Мала си и ситна

Девојките кои се ситни може да бираат џемпери со големи (и луди) детали на ракавите или околувратникот. Големи јаки, балон ракави, што и да става фокус на рамената, ќе стои добро на ваков облик на тело. Никако немој да ги бираш оние џемпери кои се подолги, само ќе направат да изгледаш уште поситно. Оние кои имаат нагласени детали се секогаш вистински избор.

# Големи гради

Иако можеби ти делува дека тесните маици на тебе би можеле да изгледаат премногу провокативно, вистинските модели ќе имаат спротивен впечаток и ќе изгледаш одлично. Ќе го нагласат твојот облик на тело, за разлика од широките модели, со кои ќе изгледаш покрупно.

# Мали гради

Девојките кои имаат мали гради може посебно да си играат со обликот на околувратникот на џемперите. Моделите кои се спуштаат и ги откриваат рамената се супер за вакви девојки, бидејќи може да се носат без градник. Освен тоа, асиметричните околувратници може да бидат забавни и малку поинакви што нема секој да успее да го износи, но во што ќе изгледаш посебно.

# Облик песочен часовник

И за крај, ако твојот облик на тело е песочен часовник, што значи дека имаш тенка половина и нагласени гради и колкови, искористи го тоа и уште повеќе нагласи ја половината. Туниките се супер избор кој одлично ќе ти стои кога на нив ќе ставиш ременче, со кое ќе ја нагласиш половината. Нема подобар избор за твојот облик на тело. Исто добра идеја за тебе може да бидат и оние џемпери кои имаат врвки кои се врзуваат околу телото.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: