Која беше Ивана Трамп? Се нарекуваше прва дама, секој ден го живееше како да ѝ е последен
фото:profimedia
Во текот на животот не прифаќаше трошки, секогаш сакаше да биде на врвот, го живееше секој ден како да ѝ е последен.
„Ивана Трамп беше неверојатна жена“, изјави Доналд Трамп и објави дека неговата поранешна сопруга починала во нејзиниот дом во Њујорк. Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст.
Ивана Трамп, поранешна сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е родена во Чехословачка, каде што ја започнала својата кариера како супермодел.
Таа беше медиумска личност, модел, моден дизајнер и многу повеќе. Таа цел живот се обидуваше да биде најдобра во се, па често се нарекуваше „прва дама“, иако не беше, само затоа што беше прва сопруга на Доналд Трамп, но не во време кога тој беше претседател.
Родена е на 20 февруари 1949 година во мало гратче во Чешка. Таа живеела во Канада до 1970 година, кога се преселила во САД, каде што се омажила за Доналд Трамп во 1977 година.
Нивната љубов траеше до 1992 година, кога решија да се разведат. Наскоро, Ивана ја лансираше својата линија на облека и накит, кои можеа да се купат во луксузните бутици низ Европа.
Своите деца ги воспитувала многу конзервативно, а на многумина им пречело тоа што секогаш го кажувала тоа што ѝ паѓа на памет.
Во текот на животот ги задржала истите животни принципи како во младоста, а што е најважно – секој ден го живеела како да и е последен.
Таткото од Чешка и мајката Австријка уште од најраното детство ја научиле својата ќерка дека напорната работа и натпреварувачкиот дух ќе ја доведат до нејзината цел. До 12-годишна возраст имала четири филмски улоги и учествувала на натпревари во скијање.
- Еднаш добив лоши оценки на училиште и татко ми реши како казна да ме вработи во фабрика за чевли. По три недели, го молев да ми даде уште една шанса да ги подобрам оценките. Тогаш научив сè за дисциплината која е потребна во животот за да се направи нешто – изјавила таа еднаш.
Пред да го запознае Доналд Трамп, на 18-годишна возраст, Ивана излегуваше со скијачот Георг Сироватки, поради кој се пресели во Прага.
Таа се запишала на колеџ и дипломирала на одделот за психологија. Кон крајот на факултетот почнала да се занимава со манекенство.
Ивана го запознала Доналд во Њујорк во познат ресторан каде што е невозможно да се најде место. Со него имаше три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик. Таа ги воспитала своите деца на ист начин како што ја воспитале нејзините родители.
- Мора да ги вработите децата. Тие одеа на спорт, часови по пијано и дополнителни часови. Имаа пари, но доволно за да излезат со пријателите на парче пица и пијачка. Ако им дадете премногу, тие полудуваат. Познавам многу деца на мои познати пријатели. За одмор се дрогираат, трошат пари и ги уништуваат своите животи и животите на нивните родители. Јас бев мајка која леташе во прва класа, а моите деца во економија. Еднаш Иванка се пожали затоа што не е со мене. И реков: „Кога ќе можеш да платиш прва класа, ќе седиш со мене – беше искрена.
Ивана тврдела дека Доналд не знаел да комуницира со децата и дека единствениот начин му бил деловниот.
Во американските медиуми можеше да се прочитаат натписите во кои се зборува за тоа дека Доналд ја изневерува Ивана со актерката Марла Мејплс.
По разводот добила енормно богатство. Таа имаше куќа во Мајорка и Сен Тропе. Многу ги сакаше топлите места и морето.
Ивана Трамп има напишано неколку книги за нејзиниот живот и за тоа како треба да се однесувате со мажите. Во книгата „Преживеан развод“ пишува за своите искуства и искуствата на нејзините пријатели.
Ивана го живееше секој ден како да ѝ е последен.
Нејзиното семејство испрати соопштение во кое изразува жалење за смртта на Ивана Трамп. Таа имаше 73 години.
извор:GLOSSY