Која е девојката која ѝ го позајмува гласот на малата Ојку во серијата „Мојата ќерка“?
Турската серијата „Мојата ќерка“, во која главна улога игра младата актерка Берин Гокјилдиз, која пред неколку години исто така играше една од главните улоги во серијата „Се викав Мелек“.
Ова девојче е вистински професионалец, кога е глумата во прашање, а за тоа најдобро сведочат и улогите кои досега ги има толкувано ова 11 - годишно девојче. Во серијата сме оневозможени да го слушнеме нејзиниот вистински глас, бидејќи истата е сихронизирана, но за одличното доловување на ликот на Ојку е задолжена една исто толку талентирана девојка.
Станува збор за 16 - годишната Марија Јанчевска, на која оваа серија не ѝ е единствена сихронизација. Иако на почетокот сихронизирала само анимирани филмови од хит серијата „Се викав Мелек“, започнува активно да се занимава со сихронизирање и на серии.
Таа во интервјуто за „Jingle TV“ откри интересни детали, кога е сихронизацијата во прашање, но и зборуваше за актерството воопшто. Во продолжение погледнете го целото интервју и дознајте нешто повеќе за младата и талентирана Марија: