Која е Оливија Родриго: Има 18 години, 7 номинации за Греми, а на пат е да им ги заплетка конците на Били Ајлиш и Дуа Липа

Која е Оливија Родриго: Има 18 години, 7 номинации за Греми, а на пат е да им ги заплетка конците на Били Ајлиш и Дуа Липа

Објавена во: Stars // Музика

Една ѕвезда на Дизни се трансформираше, наизглед преку ноќ, во светска поп ѕвезда која сама си го изгради името, обожувана е од страна на генерацијата „Зед“, на музичките критичари од постарите генерации, но и на сите останати.

Оливија Родриго не напредувала многу во уредувањето на својот нов стан, но сепак закачи едно драгоцено уметничко дело во својата спална соба. Во белиот оквир свечено лежи еден испечатен твит. Станува збор за твитот на Карди Би посветен на неа, кој гласи:

„Ти оди многу добро за твои години. Не дозволувај било какви токсични зборови да допрат до тебе и не дозволувај било кој да спречи да се слушне твојот глас.“


Оливија Родриго се најде во номинациите за Греми наградите и тоа во четири главни категории. Оваа 18-годишна девојка се најде во категоријата за најдобар албум, најдобар нов изведувач, албум на годината и песна на годината, но доби и уште три номинации.

Покрај неа, најмногу номинации имаат Дожа Кет, Габриела Вилсон, Били Ајлиш, Батиста и Џастин Бибер.

Првиот сингл на Оливија, „Drivers License“, тажната и мелодична балада за младото скршено срце, излезе во јануари и заживеа на ТикТок. Во мај следуваше нејзиниот деби албум, „Sour“, збирка од лирски химни за разделби, каде секоја песна е поостра од претходната. „Sour“ ги сруши сите стриминг рекорди и владееше на врвот на топ листите, додека критичарите воодушевено го фалеа.


„Мојата музика е поинаква од мојата глума и тоа на начин на кој секогаш сонував. Кога песната „Drivers License“ излезе, сите беа во стилот: „Немам поима која е оваа Оливија Родриго, но ја сакам оваа песна“. Тоа за мене беше апсолутен сон, затоа што отсекогаш сакав како текстописец, да бидам сериозно сфатена. Кога си актер, може да дојде до мешање, бидејќи да се биде актер се базира на лаги, но да се биде текстописец се базира на апсолутна вистина“ - кажа Оливија.

Во ова време минатата година, Оливија Родриго беше најпозната како ѕвезда од Дизни серијата „Hight School Musical“. А, потоа во јануари неколку недели пред својот 18 роденден, ја објави баладата „Drivers License“, која стана глобален хит и во тоа време влезе во историјата.

Која е Оливија Родриго?

Оливија Родриго е родена на 20 февруари 2003 година во Калифорнија. Татко ѝ по потекло е Филипинец, а мајка ѝ е од Германија со корени од Ирска. Оливија уште на 6 години почнала со пеењето, а во средно училиште била активна и во училишниот театар.

На 12 години добила улога во филмот „An American Girl: Grace Stirs Up Success“, а потоа во серијата на Дизни „High School Musical“ на почетокот на 2019 година.

По двата успешни проекти, издавачката куќа „Interscope“ била заинтересирана за работа со младата Оливија. „Interscope“ и сестринската фирма „Geffen Records“ потпишале договор со Оливија на почетокот на 2020 година. Една година подоцна, таа ја објави својата прва песна која веднаш стана хит.

На само 18 години, Оливија Родриго се движи само нагоре по патеката на успехот и се заканува да стане една од најголемите уметници на нејзината генерација.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: