Која е внуката на Џон Кенеди со која Афлек беше виден среде разводот? 16 години е помлада од него

Која е внуката на Џон Кенеди со која Афлек беше виден среде разводот? 16 години е помлада од него

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бен Афлек е доказ дека на некои луѓе не им треба многу за да се обидат да продолжат во љубовта по раскинувањето или тешкиот развод.

Не само што неговата разделба со Џенифер Лопез е сè уште тазе, а и веќе протекоа информации за тоа кој ќе помине „полошо“ кога ќе се потпишат конечните документи за поделба на имотот, туку Бен успеа да направи неколку чекори за помалку од две недели, кои излегуваат на насловните страници.

Неодамна му беше роденден, кога успеа да ја скокотка јавноста со своите интересни гости, почнувајќи од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, која насмеана ја напушти забавата, а потоа и втората, неочекувана посета на Џенифер Лопез, која беше многу пократка од посетата на неговата прва поранешна сопруга. Откако документите за развод стигнаа во јавноста, Бен реши да помине време со Џенифер Гарнер и децата, што само ги зголеми сомнежите дека сепак посакувал љубов со грешна Џенифер.

Меѓутоа, бидејќи Бен очигледно сака во очите на светот да има имиџ на маж на кој жените не можат да му одолеат, но и да го покаже својот „мачо“ карактер, тој не одолеа да направи уште еден чекор за да остане актуелен.

Имено, додека Џенифер Лопез се‘ уште достојно минува низ разводот, нејзиниот поранешен партнер во целата сага внесува нова личност и нови шпекулации.

Која е 16 години помладата жена со која Бен го заборава разводот?

Бен Афлек е виден со внуката на Џон Кенеди, 35-тиот претседател на САД, поточно со ќерката на Џон Кенеди помладиот.

Кејтлин Александра Кенеди, позната како Кик, е 16 години помлада од Бен, а според близок извор, „Page Six“ пренесува дека поминале извесно време заедно и дека постои сомневање дека Бен го преболува бракот со помош на оваа жена. 

Кик не личи толку на нејзиното семејство, бидејќи политиката е далеку надвор од нејзините сфери на интерес. Таа го чека моментот кога нејзината желба за глума конечно ќе вроди со плод.

Кик го добила името по нејзината баба, сестрата на претседателот Кенеди, која трагично загина во авионска несреќа на 28-годишна возраст.


На нејзините фотографии, дури и многу стари веќе „паднаа“ многу коментари на социјалните мрежи. Многумина известуваат дека гледаат голема сличност со Џенифер Гарнер, поради што многумина повторно „удираат“ по чудните избори и стандарди на Бен Афлек.

Дали во секоја нова бара поранешна сопруга - или по име или по изглед?

Секако, ситуацијата е дека во моментов, заедно со Бен, Кик не добива значително позитивни реакции, особено што луѓето многу остро осудуваат некој што се „заплетува“ со луѓе во брак или за време на развод.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: