Која е всушност Грета Тунберг: Болеста ја носи со гордост, убедена е дека може да го промени светот

Која е всушност Грета Тунберг: Болеста ја носи со гордост, убедена е дека може да го промени светот

Објавена во: Совети // School zone

Тема број еден во сите светски и домашни медиуми се климатските промени, а сè започна од Грета Тунберг...

Тоа се случи пред три години кога Грета Тунберг го започна нејзиниот „училишен климатски штрајк“. Тогаш таа имаше 15 години и отсуствуваше од училиште за да протестира пред шведскиот парламент, повикувајќи ги светските лидери да преземат конкретни чекори во зачувувањето на животната средина.

Грета, денес има 18 години, а за неа известуваат медиумите, зборувајќи за климатскиот самит во Глазгов.

Нејзиниот говор на Самитот за климатските промени на Обединетите нации во Њујорк, го пренесоа сите. Фотографијата од Грета додека го гледа Доналд Трамп - познатиот скептик кога станвуа збор за климатските промени - стана вирална.

Но, како толку брзо осамената шведска тинејџерка стана глобална икона за борба против климатските промени?

Сè започна на 20 август 2018 година кога објави фотографија од протестот - на фотографијата седи сама држејќи транспарент, додека протестира против климатските промени и барајќи од властите да реагираат.

Четири дена порано објави фотографија од себе во маица со фотографија од авион и натпис за предупредување - одлучувајќи дека повеќе нема да лета со авион за да го намали јаглеродниот остаток.

Таа е веганка и ги обедила и нејзините родители да престанат да јадат месо.

Тврди дека на осум години сфатила дека луѓето сами ги предизвикуваат климатските промени и дека е шокирана што политичарите не зборуваат за кризата која може во потполност да ја промени планетата Земја.

Нејзиниот протест го освои вниманието на медиумите - елоквентна млада девојка која со страст зборува за тема блиска до неа и многу млади луѓе.

Потоа ги повика и другите млади луѓе ширум светот да го направат истото.

Протестот преку социјалните мрежи прерасна во движење под називот „Петок за иднината“.

Ги повика светските лидери

„Ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови“ - им порача на учесниците на Самитот за климатските промени на Обединетите нации во Њујорк.

„Сево ова е погрешно. Не би требало да бидат овде. Би требало да сум на училиште, на другата страна од океанот, а сепак, вие барате надеж од нас младите луѓе. Како се осмелувате?“

Исто така побара од светските лидери итно да реагираат, додавајќи „Ве следиме“.

„Највлијателна личност на светот“.

Магазинот „Тајм“ во мај 2019 година ја прогласи за една од највлијателните личности на светот.

Потоа, на социјалните мрежи сподели фотографии со реченицита „Сега му се обраќам на целиот свет“.

Во јуни 2019 година, групата за човекови права „Амнести интернешенел“ ѝ ја додели наградата за „Амбасадот на совеста“.

Дури сними и музика - дебитираше со снимањето на есејот за климатските промени на новиот албум на бендот „1975“.

Го практикуваше она за што се залага кога одлучи да не се вози со авион, туку тргна на двонеделна пловидба од Британија до Америка за да учествува на двата самити за климатските промени.

Аспергеров синдром

Пред седум години ѝ бил дијагностициран Аспергеров синдром, еден вид на аутизам.

„Да се биде поинаков е дар“ - изјави за Би-Би-Си и додаде: „Ми овозможува да ги следат работите од друг агол. Не паѓам лесно на лаги, можам да ја откријам невистината. Да сум како сите останати, не би започнала климатски штрајк“.

За магазинот „Ролинг Стоун“ изјави дека е првата жена која ја инспирирала била Роза Паркс.

„Дознав дека била интровертна, како и јас“ - изјави Грета.

Зборувајќи за Рози Паркс, Грета ја објасни дека „една личност може да направи разлика“.

Таа сега е гласот на активизмот против климатските промени, што е големо достигнување за толку кратко време.

Грета Тунберг инспирираше милиони луѓе ширум светот да излезат на протест, ја викаат на важни самити и настани на кои се разговара за климатските промени.

Каде и да оди, ја следат медиумите и иако е, како што вели самата, уште многу млада за да ја прашаат нешто, додава дека тоа нема да ја запре.

„Бидејќи не можам да гласам, ова е еден од начините да се слушне мојот глас“ - вели таа.


фото: Profimedia

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: