Колку често треба да ја потстрижуваме косата: Дали навистина стрижењето прави да расте побрзо?

Колку често треба да ја потстрижуваме косата: Дали навистина стрижењето прави да расте побрзо?

Објавена во: Мода // In and Out

Стилистите за коса и за убавина имаат многу мислења за тоа колку често треба да ја стрижете косата. Сите велат дека шест недели е магичен број, но дали навистина треба да се придржувам кон тоа правило? Што ќе се случи ако не? И, дали стрижењето навистина прави вашата коса да расте побрзо?

Светските стилисти за коса велат дека фреквенцијата на вашите фризури зависи целосно од текстурата на самата коса. Оние со коса без текстура, односно со поретка коса треба почесто да прават третмани отколку оние со текстура, т.е со погуста коса.

„Луѓето со погуста коса треба да ја скратуваат косата на секои 2-3 месеци“,објаснува Н.Џ од Лондон. "За луѓето со коса која е поретка, фризурите се разликуваат зависно од тоа колку брзо расте нивната коса. Сепак, повеќето луѓе со таков тип на коса треба да ги намалат своите потстрижувања на секои 6-10 недели".

Колку често да ја скратите косата, исто така, зависи од стилот. Ако сакате да останете во иста должина или да имате редовна промена на изгледот на вашата коса, треба да закажете стрижење на косата „на секои 3-4 недели“.

Стилистите за коса велат дека не треба да очекувате некое нагло растење на косата доколку почесто ја потстрижувате, бидејќи сечењето на вашата коса нема да направи побрзо да расте.

Растењето на косата зависи од генетиката најмногу, ако имате ген кај кој расте косата, таа ќе ви расте редовно, доколку имате ген кај кој по тешко расте коса колку и да ја потшишувате таа нема дополнително да расте.


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: