Колку гените на таткото и мајката влијаат на развојот на детскиот мозок и успехот во училиште: Интелигенцијата се наследува само од еден родител
Колку гените влијаат на развојот на детскиот мозок и интелигенцијата се прашуваат многумина, а одговорот може да ве изненади...
Често може да ја слушнеме добро познатата фраза „Гените се чудо“ и навистина е така. Што наследува детето од таткото, а што од мајката? Какво влијание имаат гените врз развојот на одредени болести? Ова се само дел од прашањата кои предизвикуваат интерес во јавноста.
Бројни истражувања покажаа дека гените имаат големо влијание кога се во прашање нивните достигнувања и образование. Сепак, родителските ген икои не се директно наследени, а сепак го обликувале нивото на образование на родителите и подоцна влијаеле на начинот на живот и семејното опкружување што тие го обезбедуваат за нвините деца, исто така се важни и можат да влијаат на тоа колку добро една личност се снаоѓа на училиште и надвор од него.
Родителите со поголема генетска способност за учење може да имаат поголем интерес за активности како што се читањето, ко пак, го поттикнуваат учењето кај нвините потомци.
Овој концепт - кога гените на родителите влијаат на резултатите за нивното потомство преку обликување на околината што ја обезбедуваат - се нарекува генетско негување. Тоа опишува како гените на родителите индиректно влијаат на карактеристиките на нивните деца, пишува Yumama.
За овој труд, истражувачите прегледале и анализирале 12 студии во неколку земји и користеле метод наречен полигенско бодување за да го проучат влијанието на милиони генетски варијанти врз образовните достигнувања кај речиси 40.000 парови родител-дете.
Истражувачите откриле дека генетското негување има половина ефект од генетското наследство врз образовните достигнувања.
Ефектите на генетско негување доловени од полигенските резултати низ студиите објаснуваат најмалку 1,2 проценти од варијансата во образовните резултати, додека директните генетски ефекти објаснуваат најмалку 2,89 проценти од варијансата во образовните резултати.
Истражувачите велат дека наодите се недооценети со оглед на тоа што полигенските резултати претставуваат само дел од наследноста во образовните резултати; вистинските генетски ефекти би можеле да бидат многу пати поголеми, но директните генетски ефекти веројатно сепак би биле околу двојно поголеми од ефектите на генетското негување.
Водечкиот истражувач д-р Жан-Батист истакна: „Откривме дека генетската грижа има значително влијание врз образовните достигнувања на детето. Ефектите главно се сведуваат на образованието на нивните родители и како тоа влијае на околината што ја обезбедуваат. Татковците и мајките имаат слични генетски негувачки ефекти, што сугерира дека и двајцата родители се подеднакво важни во обликувањето и негувањето на средината погодна за учење на децата“.
Според него, оваа студија илустрира колку е сложена врската помеѓу гените и околината. Тој дава силни докази дека, како и генетиката, животната средина е навистина важна кога станува збор за образованието.
„Овде два аспекта се комплементарни. Прво, дел од тоа зависи од генетската лотарија, така што родителите немаат целосна контрола и не зависи сѐ од тоа што прават. Сепак, се чини дека е важно што прават родителите, како и нивниот избор. Нашите наоди сугерираат дека социо-економскиот статус и образованието на родителите веројатно ќе бидат клучни. Навистина е важно да се разбере како образовните достигнувања (години на образование, највисок степен) и достигнувањата (постигнати резултати и оценки) се пренесуваат низ семејствата и како ова знаење може да ни помогне да ги прекинеме циклусите на неповолност низ генерациите.“
Што е со интелигенцијата?
Гените на мајката можат да одредат колку децата ќе бидат паметни, додека таткото нема влијание врз нивното ниво на интелигенција, покажа истражувањето. Жените имаат поголема веројатност да пренесат гени за интелигенција на своите деца, бидејќи тие се носат на Х-хромозомот и жените имаат два такви хромозоми, додека мажите имаат само еден.
Се верува дека интелигенцијата е меѓу условените гени кои мора да потекнуваат од мајката, а лабораториските студии со помош на генетски модифицирани глувци откриле дека оние со дополнителна доза од мајчиниот ген развиле поголеми глави и мозоци, но имале мали тела. Оние со дополнителна доза од гените на нивниот татко имале мал мозок, но поголемо тело.
Истражувачите идентификуваа клетки кои содржат само мајчини или само татковски гени во шест различни делови од мозокот на глувчето кои контролираат различни когнитивни функции, од навики во исхраната до меморија.
Истражувањата јасно покажуваат дека генетиката не е единствената детерминанта на интелигенцијата - се проценува дека само 40 до 60 проценти од интелигенцијата е наследна, а остатокот зависи од околината.
фото: freepik.com