Колку поедноставно, толку подобро: Припаѓа ли вашиот стил на облекување на „normcore“ естетиката и трендот? (ВИДЕО)
И едноставноста може да биде кул...
Да држиш чекор со сите трендови кои постојано се менуваат, може да биде исцрпувачки - како ментално, така и финансиски.
Ако не сте помеѓу оние внимателно ја следат модата и не се снаоѓаат во модните трендови, ако се облекувате едноставно, вашиот стил на облекување може да се окарактеризира како „normcore“. Оваа изведенка доаѓа од англискиот збор „normal“ и „hardcore“ и би можеле во слободен превод да кажеме дека тоа значи „нормалноста на најјако“.
@bandanasbitch normalise dressing like our conservative mums in the 90s #normcore #bellaswancore #rorygilmore #rorygilmoreedit #rorygilmorecore #rorygilmorecore #90smumcore #gilmoregirls #buffythevampireslayer #twilight #boa #bôaduvet #bôa #fashiontok #anticoquette #coquette #indiesleaze Duvet - bôa
„Narmcore“ естетиката станува сѐ популарна на социјалните мрежи како ТикТок и под овој хаштаг може да најдете милиони објави. Филозофијата на оваа естетика е „што поедноставно, толку подобро“, па изгледа дека може да се биде едноставно, но истовремето и кул.
Овој стил на облекување би можеле да го наречеме класичен и удобен, а „normcore“ облеката е онаа што се смета за безвременска и на која не влијаат трендовите. „Normcore“ облекат е „unisex“ и станува збор за лежерни модни парчиња, како маица со капа, поло маица, маица на кратки ракави, фармерки и кратки панталони.
„Narmcore“ естетиката беше воспоставена многу пред да стане тренд. Само помислете на Стив Џобс, ко-основачот на Apple или Марк Џукерберг. Истиот модел на фармерки и маици во разни бои, во комбинација со удобни патики.
Можеме да кажеме дека „normcore“ е анти-трендовски тренд. Тоа се однесува на прифаќањето на минималистичкиот начин на облекување и спротовставување на попредизвикувачките и посмели пристапи кон модата.
Поддржувачи на овој стил на облекување можат да бидат и оние кои се еколошки свесни и кои се против брзата мода, а попрво би инвестирале во класични и можеби малку поскапи предмети отколку да купат куп работи кои брзо ќе се уништат или ќе се распаднат и за кои тие брзо би морале да се вратат во трговијата.
фото: Принтскрин / Инстаграм