Колку стомачни треба да правиш во текот на денот за да може да се видат резултати?
Доколку секој втор ден правиш по 10 стомачни и очекуваш до лето да изгледа како нова личност - се лажеш.
Летото е сѐ поблиску, а иако не се знае како ќе се одвиваат одморите оваа година, не мора да го запоставиш своето тело. Започни да вежбаш и со тоа чувствувај се подобро.
За да постигнеш рамен стомак или да ги издефинираш стомачните мускули ќе треба повеќе да вежбаш, но и да се откажеш и повеќе работи. Но, тоа не значи дека е невозможно. Доколку никако не можеш да се натераш да почнеш редовно да вежбаш, почни со нешто едноставно - стомачните мускули. Една од најполарните вежни за нив се секако стомачните. Сите знаат како се прават и не е толку тешко да се совлада техниката, но колку долго и да ги правиш, тие не стануваат лесни. Колку стомачни е потребно да правиш во текот на еден ден за да можеш по некое време да забележиш резултати? Според порталот Livestrong, комбинирањето на три сета од по 25 - 50 стомачни е она што ќе ти помогне.
За жал, ова не е сѐ. Доколку навистина сакаш да видиш промена, во својата дневна рутина додај и кревање на нозете, како и неколку други вежби за зајакнување на стомакот, секако комбинирано со внимателно одбирање на храната што ја внесуваш. Важно е да ги намалиш наслагите околу стомакот со создавање на калориски дефицит (да согоруваш повеќе калории отколку што внесуваш). По неколку недели, доколку бидеш редовна, ќе ги видиш резултатите.
Доколку само што почнуваш со своето фитнес патување, ти препорачуваме на почеток да започнеш со 30 - 60 минути кардио тренинг за целото тело, најмалку 5 дена во неделата. Можеш да пливаш, трчиш, возиш велосипед, да правиш вежби... одбери го она што е најдобро за тебе.