Комбинација на денот: Бејли Медисон во лежерен „аутфит“ за прошетка
Американската актерка Бејли Медисон слободно можеме да кажеме дека е кралица на удобноста. А, тоа го докажа и овој пат.
Имено, за време на една прошетка, на која ја уловија објективите на папараците, таа носи лежерен црн комбинизон и сива маичка. Белата чанта и белите патики ја разиграа оваа комбинација, која е идеална за летните прошетки.