Комбинација на денот: Џенифер Лопез во boyfriend фармерки
Пејачката и актерка Џенифер Лопез деновиве е доста актуелна и тоа на повеќе полиња.
Од извонредната изведба на АМА наградите, се' до најавата за лансирање козметичка линија.
На јавните настапи и појавувања постојано изгледа гламурозно и елегантно, затоа на приватни прошетки често ја гледаме во опуштени изданија. Едно од нив е денешното потполно опуштено издание.
Џеј Ло се одлучила за boyfriend фармерки, тимберленд чизми и бунда - се' е предимензионално на неа, но таа умее и тоа да го износи безпрекорно.