Комбинација на денот: Стилот на Лили Колинс во „Emily in Paris“

Комбинација на денот: Стилот на Лили Колинс во „Emily in Paris“

Објавена во: Мода // Moj стил

Пред некое време се појави една нова серија која со брзина на светлината ги освои срцата на стилските девојки и момци и доби популарност каква што не очекувавме. Се работи за „Emily in Paris“.

На социјалните мрежи под #emilyinparis, ќе најдете безброј комбинации на познати блогерки кои постојано ги доловуваат комбинациите на слатката Лили Колинс, со парчиња од high street брендовите.

Денеска, бидејќи знаеме дека и вие сте од оние кои ја обожаваат Емили и нејзините шик стајлинзи, издвоивме неколку парчиња кои се и повеќе од добредојдени оваа есен.

Станува збор за парчиња кои се неодоливо слични со оние кои таа ги носи во серијата, а да признаеме, секому му треба малку од Париз во секојдневието.

Палтоздолниште: Mango 

Чизми: Tommy Jeans 

Беретка: Parfois 

Парчињата можете да ги нарачате онлајн на www.fashiongroup.com.mk

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: