Комбинација на денот: Ултра модерните другарки Кендал и Хајли
Забележани од папараците, ултра модерните другарки Кендал Џенер и Хајли Бибер, во елегантни изданија, заминуваат на вечера во Малибу.
Двете познати манекенки се одлично стилизирани и веруваме дека со овие изданија веќе ни поставија нови, модни домашни задачи, односно модели на парчиња кои сите ќе ги копираме оваа лето.
Хајли е во заносен бел, silky slip фустан комбиниран со зелена чанта која ја разигрува комбинацијата, додека Кендал носи впечатлива кратка сукња комбинирана со едноставен црн „топ“.
Манекенките ги вклопиле и заштитните маски во стајлингот, секоја во соодветната боја на комбинацијата.
Погледнете ги фотографиите од нашиот избор за комбинација на денот: