Комбинација на денот: Урбан изглед како Теодора Џехверовиќ и Нино Челебиќ
Колку и да не сакаме да признаеме, српската пејачка Теодора Џехверовиќ е една од омилени кај помладата генерација на Балканот. Секогаш е средена од глава до петици и секогаш различна.
Дури ова го практикува и со своето момче, кошаркарот Нино Челебиќ. Иако во спортска варијанта, тие двајца се потрудија да изгледаат урбано и модерно. Секој детаљ, почнувајќи од очилата за сонце па се до нивните патики е совршено вклопен во приказната.