Комбинација од 20.000 евра: Хејли Бибер изгледа како милион долари, а сите имаат исто мислење за нејзиниот стајлинг
Папараците ја уловија заљубената двојка по вечерата во еден ресторан во Холивуд, а целото внимание го „украде“ стајлингот на манекенката...
Навикнавме Хејли Бибер пријатно да не изненадува, но и да нè инспирира со одлични модни комбинации.
Рака на срце - ништо помалку не се очекува од еден од најдобрите модели на денешницата, но, поради последната комбинација, многумина коментираат дека им е јасно зошто Џастин не може да ги тргне рацете од неа. Хејли изгледаше како милион долари.
Вљубената двојка го привлече вниманието на папараците додека го напуштаа ресторанот „Catch“ во Западен Холивуд. Како и секогаш, тие изгледаа многу интимни, а како што можете да видите на фотографиите, Џастин не ги тргна рацете од неа. Делумно за да ја заштити додека се движеа кон нивниот автомобил, а делумно и затоа што Хејли навистина изгледа совршено.
Hailey Bieber and Justin Bieber leaving Catch restaurant in West Hollywood, California. (February 26, 2021) pic.twitter.com/GlhJgXsxhY
— Hailey Baldwin Updates (@HailsBaldwinCR) February 27, 2021
„Какво совршенство“, „Едноставна, но бомастична“, „Треба почесто да се облекува вака“, „Таа е толку убава“, „Брутално тело“ - се само дел од коментарите на бројните објави на Твитер.
По овој повод, манекенката носеше фустан со долги ракави, а сето тоа го искомбинира со необични папучи од крзно, „pouch“ чанта, како и неколку ланчиња кои ја разиграа комбинацијата. Со еден збор - совршенство!
Хејли уште еднаш го докажа вистинското значење на сексапилот, но од цената на нејзината комбинација, веројатно ќе добиете главоболка. Фустанот го потпишува Андаман, а цената е 306 евра и тоа е најевтиното парче што моделот го носеше во оваа комбинација.
Чантата Bottega Veneta pouch е „само“ 2.041 евра, додека крзните папучи од Сен Лоран се 1.020 евра. Убави ланчиња се Shai, изработени од бело 18-каратно злато со дијаманти, по цена од 4621 и Zoe чокер, по цена од 15.550 долари. Значи - изгледа како милион долари, и секако дека чини толку!