Комбо на денот: Актерката Тамара Драгичевиќ лесно вклопува хулахопки со леопард принт со три различни аутфити
Ја запознавме како „Силвана Арменулиќ“ во актуелниот филм „Тома“, подоцна дознавме дека во реалноста е сопруга на „докторот“ од „Тома“ и дека се супер хармоничен пар со две дечиња.
По оваа улога, актерката Тамара Драгичевиќ стана регионално позната и многу актуелна. Од црвени килими, модни едиторијали, до нејзини секојдневни изданија, се прати во чекор, но има и што да се научи од неа.
Се облекува во младешки дух па и помладите можат да научат од неа.
Овој пат не' инспирира со хулахопки со леопард принт, комбинирани со три различни аутфити, Погледнете: