Комбо на денот: Андреа е урбана девојка во здолниште на виолетовиот килим во Шпанија

Комбо на денот: Андреа е урбана девојка во здолниште на виолетовиот килим во Шпанија

Објавена во: Мода // Moj стил

Виолетов килим, френетична публика и концерт во сала Ла Ривиера за крај на евровизиската турнеја

Изминатиот викенд, на сцената на еден од најпознатите клубови во Мадрид, Сала Ла Ривиера настапија повеќе од 20 од годинашните учесници на Евровизија, вклучувајќи ја и нашата претставничка Андреа Коевска, како и 13 специјални музички гости.
Шпанците, познати како едни од најстрасните евровизиски фанови, за време на настапот ја придружуваа Андреа во еден глас со бурни овации, а во коментарите постојано се потенцира дека нејзината вокална интерпретација во живо станува се подобра - објавија од официјалниот Инстаграм профил на Евровизија Македонија.

Андреа таму покажа и едно поинакво, урбано издание во кое досега не сме имале прилика да ја видиме.
Македонската претставничка се појави во плисирано здолниште со крток топ и чизми - едно опуштено, а сепак модерно издание.





Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: