Комбо на денот: Апостолките се хит оваа лето - тренди варијанти кои ги носат и славните
Дали ќе ги прифатите овие чевли како апсолутен хит на сезоната?
Летото официјално дојде, а топлите денови во голема мерка се тука! Иако многумина нема да го сакаат овој тренд, особено љубителите на класичната елеганција, апсолутен моден хит оваа сезона се апостолки!
Иако сме навикнати на нив како чевли за на плажа, различни и трендовски варијанти ги зафатија улиците на модните метрополи.
Апостолките ги носат со миди и макси фустани, но и со панталони. Секој летен секојдневен стил може да биде вистинската опција за овој избор на обувки.
Многу популарен модел на летни обувки се апостолки на висока потпетица. Комбинацијата од апостолки и сандали на платформа малку потсетува на модата од деведесеттите, а сега тие се полн погодок на модните писти.
Ова не се класични апостолки, кои се идеални обувки за на плажа или базен, туку поелегантна и софистицирана верзија со високи потпетици. Варијациите на модели доведоа до моден хит и тренд што го следат и славните дами.
Апостолки сандалите се појавија во колекциите на модни куќи како Bottega Veneta или инди брендови како Симон Милер. Можете дури да ги најдете со потпис на Маноло Бланик...
фото:PROFIMEDIA