Комбо на денот: Бела Хадид е бунтовничка со стил

Комбо на денот: Бела Хадид е бунтовничка со стил

Објавена во: Мода // Moj стил

Сакана или не, Изабела Каир Хадид е една од најдобро облечените жени на денешницата. Електричноста на нејзиниот стил не познава граници, па затоа ја видовме во варијанти од предимензионални панталони и преголема јакна, до ултра елегантна комбинација на облека.

Уличниот стил на облека на Бела Хадид, секако можете многу лесно да го имитирате со ваш личен печат. И, не заборавајте да носите маска, исто како и таа.

Бунтовник со причина
Црни панталони со риги, дуксер со качулка и неизбежна моторџиска јакна со легендарен принт на Харли Дејвидсон, имаат вистинска edgy нота, а косата собрана со пластичнa клип шнола е идеално решение за лош ден на косата.

Во есенските денови, тренч јакните се најдоброто нешто, а Бела тоа најдобро го знае и го носи повторно на еден уникатен начин.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: