Комбо на денот: Дизни принцезата Ванеса Хаџинс во смела комбинација на премиерата на филмот
Актерката облече црн фустан и покажа како се носи парче дизајнирано со длабоко деколте.
Американската пејачка и актерка Ванеса Хаџинс се појави на премиерата на „Тик, тик ... Бум!“ во Њујорк во заносен црн фустан кој поради својот крој одлично ѝ прилега.
Црниот долг фустан со длабоко деколте и шлиц донесе предизвикувачка и гламурозна нота на нејзиниот комплетен изглед.
Покрај сето ова, фустанот имаше и гол грб, па може да се добие впечаток дека ова парче облека повеќе откриваше отколку што криеше, но таа успеа да го износи на вистински начин. Така, доколку сте храбри, полни со самодоверба, тогаш ваква тоалета ќе биде вистинскиот избор за вас. Како и Ванеса, можете да додадете малку накит.
Покрај ова, таа носеше и отворени Aminа Muaddi отворени чевли кои го надополнија овој изглед. Што се однесува до фризурата и шминката, тие исто така ја следеа целосната идеја за нејзиниот изглед, па таа ја залижа косата.
извор:GLOSSY
фото:profimedia