Комбо на денот: Џенифер Лопез го има најзабавниот шарен „аутфит“ за деновите од зимата
Со тоа што папараците го следат секој чекор на Џенифер Лопез, имаше можност да ѕирнеме во секојдневниот стил на пејачката и актерка, која секој пат одново докажува дека здодевноста е забранета кога станува збор за нејзиниот начин на облекување. Најновата модна комбинација, која ја облече за семејното уживање на кино во Лос Анџелес, е вистински пример за тоа.
Џеј Ло покрај бројните фото-репортери прошета интересен спој чие главно модно парче беше џемпер од брендот „Валентино“ - краток модел украсен со големи везени светлорозови цветови, кој е мала вистинска експлозија од бои. Горниот дел на ова парче е розов, долниот резеда, додека на ракавите гледаме виолетова боја. Таа за овој џемпер платила вртоглави 1.680 евра, а покрај тоа што е впечатлив, тој нуди многу можности за комбинирање и играње со бои. Затоа е малку изненадувачки што Џенифер на тоа носела класични канаѓанки во камел нијанса, особено кога знаеме дека таа располага во сите можни бои и дезени.
Како и секој пат кога ги носи овие кратки чизми, Џеј Ло одбра фармерки, овој пат искинат „skinny“ модел, додека чантата е дело на модната куќа „Coach“, чие заштитно лице е таа.
фото: Broadimage / Shutterstock Editorial / Profimedia