Комбо на денот: Георгина Родригез во омилениот летен тренд кој штити и спасува
Знае како да се заштити и да изгледа тренди!
Девојката на Роналдо, убавата Георгина Родригез често објавува фотки на социјалните мрежи, следејќи ги модните трендови со што незјзиниот профил може да послужи за модна инспирација.
А овојпат Георгина ја гледаме во трендот кој освојува на прв поглед!
Минатата сезона овој тренд полека се вметнуваше во нашите дневни модни изданија, но оваа година е неопходен завршеток за секоја комбинација, а зборуваме за марамите.
Марамата како моден додаток има посебна улога во создавањето на нашиот изглед, најмногу благодарение на нејзината разноврсност. Значи, можеме да ги носиме на безброј начини, од врзување околу вратот или детаљ на рачката на торбата, но ниту еден моден додаток не ја украсува убавата коса како марамата, па не е изненадувачки што носењето на глава е апсолутен хит на сезоната пролет / лето.
Она што го сакаме во врска со овој тренд е дека не мора да се грижиме толку многу за изгледот на косата, бидејќи токму марамата го извлекува максимумот, па така на многу едноставен начин имаме прекрасна фризура што не бара премногу напор. Исто така, предноста на оваа фризура е што ја штити косата од штетни сончеви зраци, но исто така ја отстранува косата од лицето и ја одржува на свое место, затоа не треба постојано да ја правиме фризурата.
Марама можете да врзете околу главата на безброј начини, а еве како тоа го прави Георгина.
фото:инстаграм