Комбо на денот: Хајли Бибер носи елегантен костим на cool начин кој ќе сакате веднаш да го ископирате
За бизнис бранч, моделот блесна во елегантен костим, и дополнително го зачини со впечатливи сандали и боди што го открива деколтето.
Костимите одамна престанаа да бидат дел од само машка гардероба. Жените ги носат со децении како парче што симболизира моќ, сила и елеганција.
Многу работи се сменија во последниве години, но црниот костим отсекогаш бил и останува совршен избор за многу прилики, без разлика дали се приватни или деловни.
Познатата манекенка Хејли Бибер, сопруга на музичарот Џастин Бибер, ја гледаме токму во ваков костим во интересна комбинација со кул чевли.
слика
Трикот кој го прави овој изглед уште повпечатлив и ја разбива монотонијата на црната боја, е во тоа што изгледот на Хајли Бибер беше зачинет со неонски зелени сандали со нетипична потпетица.
DIGGZY / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA
Имено, таа секогаш се обидува да не изгледа досадно и предвидливо, а ние секако едвај чекаме прилика за да го „ископираме“ последниот стајлинг во кој беше видена.
DIGGZY / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA
Од модни додатоци, моделот носи златен ѓердан и црна кожна торба од популарната марка Bottega Veneta, која лежерно ја држи под мишка.Како и црни очила за сонце, кои секогаш се неопходно парче за сонцето во Калифорнија, и заштитна маска без која нема повеќе деловни состаноци.