Комбо на денот: Хејли Бибер во кошула која може да се комбинира секој ден на различни начини
Манекенката и сопруга на пејачот Џастин Бибер, Хејли Бибер ги наполни батериите за време на одморот во Париз, а потоа се врати дома, најверојатно поради деловни обврски, па го продолжи летниот одмор, и заедно со својот сакан тргна кон Грција.
За време на краткиот престој во Америка, Хејли беше фотографирана во Беверли Хилс, каде имаше деловен состанок. Како и обично, убавицата се обиде да остави впечаток со своето деловно издание, кое истовремено е елегантно, провокативно и во согласност со најновите трендови во светската мода. Овој пат, таа се одлучи за варијанта која „обична девојка“ веројатно не би се осмелила да ја облече на интервју за работа, но кога сте супермодел, сè е дозволено!
Имено, Хејли носеше кроп топ кошула од марката Jacquemus, со многу удобни и полутранспарентни ракави, која ги истакнува нејзините стомачни. Каки широки панталони, бели патики и Ботега Венета, нејзиниот заштитен знак.
Ова не е првпат Хејли да е видена во оваа кратка кошула што модните портали ја опишуваат како „пиратски шик“ - во мај ја носеше со светло-кафеави тесни панталони, сè попопуларните сандали и портокалова чанта.
Да не беше светски познатата sвезда, несомнено многу почесто ќе ја гледавме Хејли во ова парче и се надеваме дека ќе најде поинтересни начини да ја комбинира!
извор:glossy
фото:PROFIMEDIA