Комбо на денот: Ирина Шајк во комплет кој ретко кој би знаел како да го носи
фото:Profimedia
Убавата русинка деновиве е мета на јавноста откако беше “уловена“ во друштво на Канје Вест и се зборува дека се во романтичка врска.
Двојката се уште се нема изјаснето официјално, но во меѓувреме да се задржиме на она што ни е сигурно - беспрекорниот стил на Ирина Шајк.
Познатата манекенка редовно шета во најмодерни комбинации на облека со својата ќерка Леа, а папараците често ги забележуваат.
Поради својата облека и чувството за стил, Ирина Шајк ја заслужи титулата стилска икона и трендсетерка, чии модни техники ги усвојуваат жени ширум светот. Новото издание на моделот не е исклучок бидејќи Ирина успеа да го привлече вниманието на сите фанови со овој сет. Овој пат, на прошетка со својата ќерка, Ирина избра комплет, кој се состои од панталони и фармерки од марката Вивиен Вествуд.
Целото внимание го привлече необичниот дизајн на комплетот, кој прикажува ренесансна слика на францускиот уметник во рококо Франсоа Бушер, наречена Дафнис и Клои.
Сликата целосно го покрива тексас костимот, а Ирина стајлингот го надополни со чизми со дебел ѓон и црна чанта.
Како ви се допаѓа ова издание на прекрасната манекенка?
извор;stil.kurir.rs