Комбо на денот: Јелена Карлеуша во креација на македонски дизајнер

Комбо на денот: Јелена Карлеуша во креација на македонски дизајнер

Објавена во: Мода // Moj стил

Настрана од случувањата со српската дива Карлеуша и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, ние ќе се задржиме на нејзиниот стил и тоа поради една супер работа.

Имено, на последните фотки на нејзиниот Инстаграм профил, Јелена Карлеуша носи заносни и блескави креации позади кои стои потписот на нашиот македонски дизајнер, Златко Џеј Зи Џеј.

Во претходните сезони на „Ѕвездите на Гранд“, често се спомнуваше неговото име и неговите креации кои ги носеа некои од учесничките на натпреварот, добија многу пофалби од Јелена Карлеуша. А неодамна во кратко интервју за Женски магазин ни откри дека би сакал и таа да носи негова креација еден ден. Епа тој ден дојде, па и самиот дизајнер порачува: верувајте во себе и во тоа што го правите, само тоа е единствениот пат до успехот.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: