Комбо на денот: Кајли Џенер покажа како да носиме фармерки и да бидеме гламурозни

Комбо на денот: Кајли Џенер покажа како да носиме фармерки и да бидеме гламурозни

Објавена во: Мода // Moj стил

Најмладата милијардерка во светот одлучи да го следи водечкиот тренд од 90-тите години на необичен начин.

Риалити sвездата и деловна жена Кајли Џенер е една од славните девојки кои не одолеаја на широките панталони оваа сезона.

Кајли позираше во широки фармерки со големи џебови.

Таа ги комбинираше како што тоа го правеа хип-хоп sвездите кон крајот на 90-тите и раните 2000-ти - со бел асиметричен топ. Сепак, иако се очекуваше оваа варијанта на облека да биде надополнета со бели патики, Џенер реши да го „зачини“ својот стил со тексас чевли со зашилен врв и елегантна минијатурна чанта во духот на деведесеттите години.

Кајли, инаку, обожава комбинација на кратка бела маичка со широки панталони, а во април ни покажа како да ги носиме со патики.

Но истата комбинација ќе биде одлична и со високи потпетици за глам изглед.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: