Комбо на денот: Кендал Џенер во удобна есенска комбинација
Кендал Џенер се одлучи за едноставна комбинација...
Кендал моментално е еден од најпосакуваните модели на светот. Дел од секоја важна модна недела, а кога не е на пистите сака да носи облека со класични кроеви, без помпезни детали.
Неодамна беше фотографирана на улиците во Њујорк во прилично едноставен и секојдневен стајлинг. Есенско, удобно и најважно - топло.
Манекенката е забележана во кафен џембер со точки и светли фармерки со рамен крој. На нозете носи црни чизми кои одлично ги имаше вклопено во оваа секојдневна комбинација.
Кендал покажа како есенската комбинација може да биде едноставна, а да изгледа убаво. Доволен ви е само еден пар фармерки и класичен џемпер во вашата омилена боја.
фото: Profimedia