Комбо на денот: Мајли Сајрус во супер издание на шопинг со мајка ѝ, го привлече вниманието со натписот на чантата
Поранешната тинејџ sвезда отиде на шопинг со нејзината мајка и носеше интересен детаљ по тој повод.
Sвездата од серијата Хана Монтана и пејачка, Мајли Сајрус и нејзината мајка Тиш Сајрус заедно се упатија кон продавница за теписи во Западен Холивуд.
Очигледно беше дека Тиш делува малку повозбудено додека го избираат соодветниот дизајн, додека Мајли, држејќи ги рацете во џебовите, изгледа (не) заинтересирана за пазарење.
Двете беа облечени во бели маици, а Мајли изгледа супер во обични црни панталони со Гучи каиш. Пејачката носеше и црни чизми, додека Тиш сепак избра да носи фармерки и удобни патики.
Посебно внимание привлече торбата Луј Витон, на која има жолт натпис од марихуана. Немаше да се забележи овој детаљ доколку пејачката неодамна не кажеше како престанала да консумира.
фото:profimedia