Комбо на денот: Мартија Станојковиќ си направи шишки и ни одржа лекција по есенска мода

Комбо на денот: Мартија Станојковиќ си направи шишки и ни одржа лекција по есенска мода

Објавена во: Мода // Moj стил

За оваа пејачка многупати досега пишувавме дека е трендсетерка во комплетна смисла на зборот.

Промената на имиџот дефинитивно е освежување и голема промена бидејќи веќе долго време ја носи косата дола и црна. Мартија направила вистински чекор бидејќи шишките одлично ѝ стојат, а плус се водечки тренд кога станува збор за фризури, сезонава.

Покрај новата фризура, пејачката освојува и со „all black“ комбинацијата, па слободно можеме да кажеме дека ни одржа есенска модна лекција.

Ролките без ракави се must have и оваа есен, а Мартија добро знае како да го искомбинира ова парче без да биде досадно и еднолично, па додала златно ланче кое ја разбива монохроматската комбинација.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: