Комбо на денот: Оливија Палермо во трнди, удобен и топол зимски стајлинг
фото:Profimedia
Студените денови пристигнаа и во моментот најважно за нас е да го задржиме нашиот стајлинг топол и удобен. Оливија Палермо, жена која кога е во прашање модата, никогаш не греши, ни даде одлична идеја. Шетајќи низ улиците на Њујорк, таа демонстрираше како треба да изгледа вистински зимски стајлинг. Освен што е топол, изгледа и многу привлечно и тренди.
Овој пат, оваа позната трендсетерка избра кожни хеланки и модел чизми кои се апсолутен хит. Бело здолниште и интересна јакна го комплетираа целиот стајлинг на вистински начин.
Сосема едноставно, а во исто време ИН.