Комбо на денот: Шанел, мини, заносно - Анастасија Ражнатовиќ покажа совршена комбинација за излегување на море

Комбо на денот: Шанел, мини, заносно - Анастасија Ражнатовиќ покажа совршена комбинација за излегување на море

Објавена во: Мода // Moj стил

Дали сакате да изгледате елегантно, а сепак да ви биде пријатно додека танцувате до утрото? Не е невозможно!

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ деновиве ужива на својот одмор во турско летно одморалиште, од каде често споделува фотографии и снимки кои сведочат за тоа колку ѝ е забавно.

Секако, со тоа имаме можност да ѕирнеме во аголот од нејзината гардероба кој е наменет за модни изданија за на плажа, покрај костимите за капење, Анастасија ни покажа каква облека носи за излегување на море.

Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија за која позираше во црн мини фустан чиј горен дел е украсен со вкрстени тенки врвки, додека косата ја залижала во опашката. Сепак, она што ја издвојува оваа едноставна варијанта и го прави интересен начинот на кој Анастасија го комбинираше ова парче се рамни влечки и плик-чанта во темно зелена нијанса. Ова се парчиња на модната куќа Шанел, кои ја подигнаа оваа облека на повисоко ниво, а младата пејачка на сè додаде скап рачен часовник и ефективни обетки.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: