Комбо на денот: Совршен микс од бои во режија на инфлуенсерката Ксенија Деспотоска
Инфлуенсерката Ксенија Деспотоска е наша модна инспирација за денес.
Таа не' инспирира со совршениот микс од бои кои ги одбрала за оваа есенска комбинација. Ако некогаш сте помислиле дека розовата не оди со кафеавата боја, Ксенија го докажува спротивното.
Инфлуенсерката одбрала супер модерни парчиња во една нијанса, а монохроматскиот изглед го разиграла со розовото предимензионално сако.
Храбро, смело, совршено!