Комбо на денот: Тамара Калиниќ демонстрира како да носиме елек сезонава
Нејзиниот стил станува се подобар и подобар секој ден, а ова е нејзиниот избор кога станува збор за парчиња облека за есен.
За почетокот на есента, покрај тоа што е еден од неизбежните трендови оваа сезона, одлично парче кое вреди да го имате е елекот.
Според модната инфлуенсерка Тамара, треба да изберете елек во некоја боја. Заборавете на црн или темно син, храбро одберете некоја смела есенска боја.