Комбо на денот: Внуката на Софија Вергара, Клаудија Вергара е копија на тетка си и модна икона
Ѕвездата од мега познатата серија „Modern Family“, фаталната Колумбијка, Софија Вергара, која е позната како една од најубавите и најзгодни жени во Холивуд, има внука која неверојатно многу наликува на неа.
Внуката на Софија Вергара, Клаудиа Вергара има 27 години и исто така се занимава со актерство, а како што се пишува, се' што знае, го научила од тетка си Софија.
Профилот на Клаудиа на Инстаграм е дефинитивно место каде ќе се инспирирате за мода и уметност, а денес таа е токму и наше инспо за комбинација на денот.
Црн сет погоден за секоја сезона, комбинирајте го со сандали или чизми и „скоцкани“ сте додека трепнете.
Од нејзиниот профил инспирирајте се и со други комбинации.