Комбо на денот: Зошто ролката е најдобро есенско-зимско парче
Едно од омилените модни парчиња за оваа есенско-зимска сезона е ролката- која освен што не' топли, изгледа феноменално и многу лесно се вклопува во секој стил.
Можете да ја носите во секоја боја во буквално секоја комбинација- вовлечете ја во здолниште со висок струл, панталони, пуштете ја да паѓа врз плисирано здолниште, или едноставно изберете фустан со ролка во горниот дел.