Комбо на денот:Северина во „откачена“ и „кул“ комбинација
Хрватската пејачка Северина е наша модна инспирација за денес.
Иако е во петтата деценија, пејачката има супер младешко и смело чувство за мода и често знае да биде инспирација и на тинејџерките.
Овој пат ја гледаме во блескав комплет од предимензионална јакна и кратки панталони кои ги комбинирала со едноставна мајца.
Сетот може да се носи и одделно што го прави уште пофункционален.