Комедија за која зборуваат сите: Новиот филм на Леонардо Дикаприо е „без грешки“, велат обожавателите

Комедија за која зборуваат сите: Новиот филм на Леонардо Дикаприо е „без грешки“, велат обожавателите

Објавена во: Stars // Филм

Одличен филм кој вреди да го погледнете!

Божиќните филмови ги изгледавме и сега се враќаме на истражувањето што има ново и што би можеле да гледаме овие денови. Еден филм посебно се издвои. Новиот филмски хит со Леонардо Дикаприо во главната улога ги воодушеви гледачите.

За крајот на годината, уште еден, веруваме последен, филмски хит кој излезе во 2021 година, а кој мора да се најде на твојата листа на изгледани филмови. Станува збор за филмот „Don't Look Up“ кој само што стигна на Нетфликс, а веќе стана голем хит. Има пофалби до актерите, режисерот, филмската приказна, едноставно до сѐ. Една од причините зошто филмот е толкав хит е и актерската екипа која е полна со познати ѕвезди, тука освен Леоданрдо Дикаприо и Џенифер Лоренс се, Тимоти Шаламе, Кејт Бланшет, Мерил Стрип, Џона Хил, Ариана Гранде... Доколку веќе немаш слушнато за овој филм, погледни го трејлерот.


За што се работи: двајца астрономи се обидуваат да го предупредат човештвото дека кон Земјата доаѓа комета, но никој не ги сфаќа сериозно. И така тие тргнуваат на бизарна медиумска турнеја. Оваа научно-фантастична комендија нема грешка при ниту еден избор, од сценарио до актерска екипа. Оние кои веќе го гледале филмот имаат само пофални зборови.



фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: